За Нас

Крусел Дооел Скопје е компанија формирана 1992 година, првенствено како продавница за техничка стока. Во 2002 година Крусел Дооел започна со самостоен увоз на апарати за домаќинство и стана овласен увозник и дистрибутер на реномираните брендови ISKRA, Rohnson,  Laica, Fagor, Moser, Emide, а последнава година и на Honeywell, Duracraft и Cloer. Нашата дејност опфаќа продажба на големо и мало на алати, градинарски производи,  кујнски апарати, апарати за лична нега, грејни тела и апарати за ладење итн. 


Следејки го развојот на технологијата и потребите на потрошувачите денеска Крусел Доoел е една од водечките компании во рамките на својата дејност. Со успешната работа на младиот тим вработени, сопствени возила, навремена достава развивме широка трговска мрежа на клиенти низ републиката. 

Нашиот фокус е  задоволството на нашите клиенти и крајни потрошувачи, понудувајки им квалитетни производи, новитетите од светскиот пазар, а воедно и располагаме со сопствен сервис.


Вербата во нашите вредности, посветеноста во работата, задоволни клиенти го прават возможен нашиот долгогодишен раст и развој.

За нас

ISKRA електричен алат, рачен алат, гарден програма, апарати за домаќинство и многу други производи од различни брендови и производители сега ONLINE!

 

Контакт

  • +389 (02) 2520999
  • +38978238820
  • info@krusel.mk
  • info.desk.krusel

Facebook

КРУСЕЛ e-Store © 2018. UKION SHOPS