Потребна ви е помош?
+389 (02) 2520999

Вработување во КРУСЕЛ

Во  КРУСЕЛ, веруваме дека можеме да направиме повеќе. Од девелопери и програмери, креативни дизајнери, ИТ администрација, грижа за корисници до маркетинг и менаџмент, КРУСЕЛ поседува високо посветен и квалитетен тим кој работи заедно за да ги креира најиновативните интернет технологии и солуции. За таа цел, КРУСЕЛ постојано настојува да привлече, едуцира и задржи исклучително креативен и квалитетен кадар, кој ќе биде мотивиран континуирано да придонесува за долгорочниот успех на компанијата.

КРУСЕЛ инсистира на фер и недискриминаторен процес во регрутацијата и селекцијата на кандидати за вработување. Вработените се фундамент на нашиот успех и затоа на регрутацијата и селекцијата и пристапуваме многу сериозно.

Ако сте водени од успехот, поседувате креативност и сакате да работите во динамична работна средина, Ве молиме испратете Ваша апликација за работа со прикачено CV на следнава е-mail адреса: info@krusel.mk

Со испраќање на потребните документи влегувате во базата на потенцијални кандидати за вработување во КРУСЕЛ и вашите апликации ќе бидат предмет на обработка во процесот на селекција.

КРУСЕЛ ја почитува вашата приватност и таа е приоритет при апликацијата за работа. Доколку според Законот за заштита на лични податоци не се согласувате Вашите лични податоци да се зачуваат во базата за вработување, Ве молиме тоа да го наведете во вашата е-маил порака. КРУСЕЛ гарантира дека освен за процесот на селекција при вработувањето, Вашите лични податоци нема да бидат искористени за ниедна друга цел или пак изложени или на друг начин достапни на трети лица.